Париз, 17 септември 2026
Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, учествува на ReSPA Leadership Academy (Академијата за лидерство на РеСПА), која се одржува од 14 до 18 септември 2026 година во Париз и Брисел. Академијата се реализира во рамки на иницијативата „BRIDGE to EU – France for Good Governance in the Western Balkans“ (МОСТ кон Европската Унија – Франција за добро владеење на Западен Балкан) и е наменета за развој на лидерските капацитети на високи претставници од јавните администрации.
Програмата овозможува размена на искуства и запознавање со современите европски практики во областа на лидерството и јавната администрација, како и унапредување на знаењата за управување со реформи, ефективна комуникација и европски административни вредности.
Учеството на Академијата претставува можност за зајакнување на професионалните капацитети и примена на добрите европски практики во процесите на модернизација на јавната администрација.
Министерството за јавна администрација продолжува да вложува во унапредување на човечките и институционалните капацитети, со цел изградба на професионална, ефикасна и граѓански ориентирана јавна администрација.