
Гордана Гапиќ Димитровска
Државен советник во Министерство за јавна администрација на Република Северна Македонија
Државен советник во Министерство за јавна администрација на Република Северна Македонија
Гордана Гапиќ Димитровска
Државен советник
Гордана Гапиќ Димитровска е државен советник во Министерството за јавна администрација со повеќе од 20 години професионално искуство во реформа на јавната администрација, регулаторна реформа, транспарентност, отчетност и отворена власт.
Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2002 година, а правосудниот испит го положила во 2008 година. Кариерата ја гради во јавниот сектор, со фокус на политики за добро управување, дигитализација на услуги и соработка со граѓанскиот сектор. Од 2003 година работи во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија каде била одговорна за следење и координација на процесите за реформа на јавната администрација, воведување на е-услуги, Граѓански дневник, координација на донаторски проекти, следење на европското законодавство и изработка на примарна и секундарна регулатива.
Од 2011 година е дел од Министерството за информатичко општество и администрација, каде што раководи со клучни процеси како регулаторна реформа, проценка на влијанието на регулативата (ПВР), регулаторна гилотина, ЕНЕР, е-демократија и отворени податоци.
Како Национален координатор за Партнерството за отворена власт од 2015 година, ги предводи процесите за ко-креирање и ко-имплементација на акциските планови, во партнерство со институциите, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во моментов е и ко-претседател на Советот за координација на Партнерството за отворена власт.
Во периодот 2018–2025 година била заменик-претседател на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Била и член на Европскиот комитет за демократија и управување (CDDG) при Советот на Европа, каде што претседавала со Работната група за е-демократија, како и претставник во ЕУ поткомитети, ReSPA и други регионални и европски иницијативи.
Гапиќ Димитровска активно соработува со бројни меѓународни партнери, меѓу кои Советот на Европа, ЕУ, SIGMA, OGP, УСАИД, УНДП и амбасадите на САД и Обединетото Кралство. Таа е специјализирана за креирање на политики, проценка на влијанието на регулативата, спроведување на јавни консултации, намалување на административните бариери, модернизација на јавната администрација и унапредување на демократското управување, вклучително и е-демократија и е-управување.