Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР - ,,ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА”

ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР  -  ,,ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

*Барање за пристап до информациите од јавен карактер од втората половина на 2024-та година и од тековната 2025-та година

 

Барање за пристап до следната информација:

- Дали постојат прописи кои регулираат процес на консултации за донесување на клучни стратешки документи и закони?

Доставена информација:

- Во однос на процесот на подготовка на закони, процесот на консултации е уреден во Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија, Упатството за начинот на постапување во работата на министерствата во процесот на спроведување на проценка на влијанието на регулативата (Службен весник на Република Македонија бр.106/2013), Одлуката за формата и содржината на Извештајот за проценка на влијанието на регулативата (Службен весник на Република Македонија бр.106/2013) и Методологијата за проценка на влијанието на регулативата (Службен весник на Република Македонија бр.107/2013). Овој процес го управува Министерството за јавна администрација

Додека процесот на консултации за стратешките документи е уреден во Упатството за структурата, содржината и начинот на подготвување, спроведување, следење, известување и оценување на сeкторските и мултисекторските стратегии     (Службен весник на РСМ 122/2022), управуван од Генералниот секретаријат на ВРСМ.

 

Барање за пристап до следната информација:

- Доколку такви прописи постојат, дали постои обврска за задолжителни консултации со засегнати страни, и јавни расправи?

Доставена информација:

- Да, согласно актите кои го уредуваат прашањето за проценка на влијанието на регулативата и актите кои се однесуваат на  сeкторските и мултисекторските стратегии консултациите се задолжителни, а начинот на вклучување на засегнатите страни се определува на самиот почеток на подготовка за законот односно стратешкиот документ.

 

Барање за пристап до следната информација:

- Дали во тие прописи постои обврска за подготовка и објавување на извештаи за извршените консултации?

Доставена информација:

- Во однос на консултациите во процесот на подготовка на закони е предвидено дека во Извештајот за проценка на влијанието на регулативата во точка 5 се дава детален преглед/извештај  од спроведените консултации односно се наведуваат засегнатите страни и начинот на нивното вклучување, преглед на добиени и вградени мислења и мислења кои не биле земени во предвид со образложение.

 

Барање за пристап до следната информација:

- Дали во тие прописи, при подготовка на закони и стратешки документи е задолжително формирање на работна група во која се вклучуваат засегнатите страни?

Доставена информација:

- Согласно актите кои ја уредуваат материјата за проценка на влијанието на регулативата е уредено дека консултациите со засегнати страни можат да се вршат на некои од следните начини: јавен увид на предлогот на закон; јавни расправи; барање за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни; учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата на Република Северна Македонија; состаноци со засегнатите страни; јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР.

 

Барање за пристап до следната информација:

- Дали постојат извештаи од работата на работните групи за подготовка на закони и стратешки документи и дали се објавуваат?

Доставена информација:

- Во однос на подготовката на закони резултатите од работата на работната група се вградуваат во Извештајот за проценка на влијанието на регулативата и истиот во нацрт верзија се објавува на ЕНЕР.

 

Барање за пристап до следната информација:

- Дали поканите за учество на граѓанските организации за подготовка на Стратегија за РЈА 2023-2030 се објавени на традионалните или социјалните медиуми?

Доставена информација:

- Објавени се на веб страната на министерството и проследени се по електронски пат.

 

Барање за пристап до следната информација:

 - Дали работните групи се инклузивни, односно дали се внимава на вклучување на различни засегнати страни (жени, млади, лица со попреченост, итн.) и каков е начинот на селекција на граѓанските организации во одредена работна група?

Доставена информација:

- Единствениот критериум за учество во тематските работни групи беше организациите да постојат најмалку три години и да имаат најмалку два проекти во областа на јавната администрација.

 

Барање за пристап до следната информација:

 - Дали повикот за учество на засегнатите страни во процесот на подготовка на новата Стратегија за РЈА 2023-2030, односно во тематските групи, беше објавен на ЕНЕР, покрај објавата на повикот на веб страницата на МИОА и преку секторската група за РЈА и порталот за дијалог со граѓанското општество (https://dijalogkoneu.mk/)?

Доставена информација:

- Повикот за учество на засегнатите страни не беше објавен на ЕНЕР бидејќи на ЕНЕР не се објавуваат таков вид на повици.

 

Барање за пристап до следната информација:

- Дали во работната група за подготовка на новата Стратегија за РЈА 2023-2030 беа вклучени претставници од коморите, синдикатите, професионални здруженија, академска заедница, организации кои се занимаваат со женски права и организации кои се занимаваат со лица со попреченост?

Доставена информација:

- Во работната група за подготовка на новата Стратегија за РЈА 2023-2030 беа вклучени претставници од граѓанските организации, од коморите, академската заедница и меѓународните организации со седиште во нашата земја. За обезбедување транспарентност на процесот претставниците на граѓанскиот сектор и засегнатите страни беа избрани преку јавен повик.

 

Барање за пристап до следната информација:

-Дали засегнатите страни се информирани за времетраењето на консултативниот процес?

Доставена информација:

-Да.

 

Барање за пристап до следната информација:

- Засегнатите страни имаа информација за каналите и форматите на доставување на нивниот придонес?

Доставена информација:

- Да.

 

Барање за пристап до следната информација:

- Дали засегнатите страни добиваат повратна информација за нивниот придонес ?

- Сите коментари се јасно видливи?

- Доставувачите на придонес се јасно наведени (име на организација или име и презиме на физичко лице)?

- Постои информација за тоа кои предлози се прифатени, делумно прифатени или одбиени и образложение зошто е тоа така?

Доставена информација:

- Да.

 

Барање за пристап до следната информација:

 - Дали се одржани јавни расправи во процесот на подготовка на новата Стратегија за РЈА 2023-2030:

- Дали беше објавен повик за јавна расправа на веб страницата на МИОА или на ЕНЕР?

Да, повикот за јавна расправа беше објавен на веб страницата на МИОА.

- Дали беше доставен нацртот на Стратегијата?

Да.

- Дали постоеше информација за каналите и форматите (маил, ЕНЕР, усно) на доставување на нивниот придонес?

Да (маил, ЕНЕР, усно).

- Дали јавната расправа траеше најмалку 15 дена доколку се работи за писмени придонеси или доколку се работеше за јавна расправа во живо, дали учесниците беа информирани најмалку 15 дена претходно?

- Беа информирани 7 дена порано за јавна расправа во живо, но на ЕНЕР имаа можност за придонес/коментари 30дена.

- Дали беше објавен извештај за одржаната јавна расправа со вклучени забелешки на засегнатите страни и повратна информација за тоа кои забелешки биле прифатени, а кои не?

- Извештај од јавната расправа беше објавен на веб страната на МИОА.

 

Барање за пристап до следната информација:

 - Дали граѓанските организации, покрај учеството во Секретаријатот за реформа на јавна администрација, се вклучени и во политичката структура за следење на Стратегијата/Советот?

Доставена информација:

- Советот за реформа на јавната администрација е составен од членови на ВРСМ чии институции се носители и учесници на активностите утврдени во АП на СРЈА и претставник од ЗЕЛС. Едновремено, по потреба и покана од претседавачот на седниците на Советот за РЈА може да учествуваат носители на јавни функции на институции и раководители на државни институции, како и претставници на граѓанските организации.

 

Барање за пристап до следната информација:

 - Дали постојат политичка и административна структура за следење на Стратегијата и дали граѓанските организации се вклучени во нив:

Доставена информација:

- По пат на јавен повик објавен на веб страницата на МИОА, јавно достапни портали, Советот за соработка со невладиниот сектор, итн. (односно на кој начин се избира граѓанската организација која учествува во структурите за следење)?

МИОА редовно објавува јавни повици на веб страницата до граѓанските организации и другите засегнати страни кои спроведуваат активности поврзани со РЈА за да придонесат во Извештаите за имплементација на СРЈА и АП. Претставник од граѓанскиот сектор номиниран преку Секторската работна група за РЈА учествува во работата на Секретаријатот за РЈА.

 

Барање за пристап до следната информација:

Дали состаноците за следење на Стратегијата за реформа на јавна администрација се одржуваат редовно (најмалку еднаш во 6 месеци) и дали постојат записници од тие состаноци?

Доставена информација:

- Да, со исклучок на тековната година заради техничката Влада, изборите и реорганизацијата на ОДУ.

 

Барање за пристап до следната информација:

- Број на жени министерки, заменик министерки, државни секретарки, директорки на агенции, инспекторати, директорати, претседателки на комисии како и директорки на ЈП во период од 2014 до 2024 година

Доставена информација:

- На ден 08.06.2024 година пратениците во Собранието на Република Северна Македонија ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со кои се изврши промена на бројот на министерствата и се изврши менување на делокругот на надлежностите на дел од постоечките министерства во Владата на Република Северна Македонија.

Со овој Закон од актуелните 16 министерства  организирани се 20 министерства. Како нови министерства се организираат следните:

  • Министерство за спорт,
  • Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини,
  • Министерство за јавна администрација, и
  • Министерство за дигитална трансформација.

- Министерството за јавна администрација,  е новоформирано министерство во кое како Министер е назначен Горан Минчев, на позицијата Заменик Министер назначен е Проф.д-р Лазе Јакимоски, додека пак на позицијата Државен секретар сеуште нема назначено лице.

 

Барање за пристап до следната информација:

- Колку вработени има во државните институции и колку од нив се со албанска националност, колку маккедонска а колку останати? Вкупно за сите посебно?

Доставена информација:

- Во Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20), беше утврдена  надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација, да воспостави и да води единствен регистар на сите вработени во институциите на јавниот сектор. Регистарот на вработените во јавниот сектор е дел од информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР).

Податоците содржани во Годишниот извештај за податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор беа резултат на размената на податоци од евиденцијата на Министерството за информатичко општество и администрација со податоците од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Управата за јавни приходи, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Согласно член 2 став (1) од Законот за вработените во јавниот сектор, во Регистарот на вработените во јавниот сектор влегуваат лицата вработени во:

- органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и

- институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република  Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.          

Извештајот за податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор за 2022 година е изготвен врз основа на членот 20 од погоре споменатиот  закон, и во него систематизирано се прикажани податоците за институциите на јавниот сектор во однос на нивниот број, вид, назив, гранка на власт, дејност и основач, како и податоци за вработените во овие институции, во однос на нивниот број, класификацијата на работните места, полот, возраста, степенот на образование и припадноста на заедница. Наведените податоците кога е тоа можно и логично, се претставени со меѓусебно вкрстување.

Овој извештајот се објавуваше и на веб страницата на Министерството за информатичко општество и администрација најдоцна до крајот на првото тримесечје во тековната година, за претходната календарска година.

На ден 08.06.2024 година пратениците во Собранието на Република Северна Македонија ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кои се изврши промена на бројот на министерствата и се изврши менување на делокругот на надлежностите на дел од постоечките министерства во Владата на Република Северна Македонија.

Со овој Закон од актуелните 16 министерства  организирани се 20 министерства. Како нови министерства се организираат следните:

  • Министерство за спорт,
  • Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини,
  • Министерство за јавна администрација, и
  • Министерство за дигитална трансформација.

Министерството за јавна администрација, Во прилог Ви го доставува годишниот извештај од регистарот  за вработени во јавниот сектор за 2023 година.

Истиот е објавен и на следниов линк:

https://www.mioa.gov.mk/content/%D0%A4%D0%98%D0%9D%D0%90%D0%9B%D0%95%D0%9D%20%D0%98%D0%97%D0%92%D0%95%D0%A8%D0%A2%D0%90%D0%88%20%D0%B7%D0%B0%202023%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%2001.04.2024.pdf

 

Барање за пристап до следната информација:

- Регистар на ментори – листа на ментори со завршена обука за ментор, согласно закон за административни службеници, член 60, став 5.

Доставена информација:

- Регистар на ментори – листа на ментори со завршена обука за ментор, согласно закон за административни службеници, член 60, став 5 Министерството за јавна администрација,  Вe упатува на  линкот  каде што е објавен   регистарот на ментори.

Истиот е објавен и на следниов линк:

https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/1026

 

Барање за пристап до следната информација:

·         Обуки за јавни набавки на кои присуствувале вработени во вашето Министерство во период од 01.01.2023 до 31.05.2025 година со следните податоци за секоја обука поединечно:

   - Датум на одржување на обуката.

   - место на одржување на обуката.

   - Наслов на обуката.

    - Колку лица присутвувале на обуката.

   - Кој ја организирал обуката.

   - Цена на чинење на обуката за едно лице.

   - Вкупен број на лица кои биле на обуки од областа на јавните набавки од вашето министерство во посочениот временски период.

Доставена информација:

-          Датум на одржување на обуката – 04.04.2025 до 06.04.2025 година

-          Место на одржување на обуката – Врњачка бања, Србија

-          Наслов на обуката: АКТУЕЛНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ, НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И НОВИНИ  

-          Колку лица учествувале на обуката : од 50 до 70 лица

-          Кој ја организирал обуката: Бизнис & Консалтинг Интернационал

-          Цена на чинење на обуката:

-          Вкупен број на лица кои присуствувале на обуката од Министерство за јавна администрација – едно лице

 

Барање за пристап до следната информација:

1. Ве молиме да ни го доставите Извештајот за 2024 година за вработени во јавниот сектор (од Регистарот на вработени во јавен сектор).

 2. Дали постои збирен годишен извештај за тоа колкав број на вработувања на административни службеници се планирани за претстојната година?

 3. Ве молиме доставете ни го Годишниот извештај за оценување на административни службеници за 2024 година, кој е дел од Регистарот на оцени.

 4. Дали постои годишен извештај за 2024 година за унапредувања и уназадувања на административни службеници? Ако таков извештај постои ве молиме доставете ни го. 5. Дали постои Годишен извештај/евиденција за 2024 година за обучени административни службеници согласно Годишната програма за генерички обуки и годишната програма за обука за административно управување? Ако таков извештај постои ве молиме доставете ни го.

6. Дали постои годишен извештај за 2024 година за плати и надоместоци на плати на административните службеници?

7. Дали постои извештај за 2024 година со статистички податоци за поведени и завршени дисциплински постапки и изрешени мерки?

немаме Извештај за поведени и завршени дисциплински постапки и изречени мерки за 2024 година.

 8. Дали согласно постојното законодавство постои ограничување во однос на бројот на лица кои можат да се ангажираат на определено време согласно Законот за вработени во јавен сектор и преку Агенции за времени вработувања?

9. Ве молиме доставете ни некој од последните јавни огласи за вработување на лица согласно Законот за вработени во јавен сектор.

10. Ве молиме доставете и некој од последните јавни огласи за вработување на лица преку Агенција за времени вработувања

11. Дали во последните 2 години имате вработено лица на определено работно време согласно Законот за вработени во јавен сектор и преку Агенции за времени

12. Дали лицата кои се вработуваат/ангажираат на определено време се вработуваат/ангажираат преку јавен оглас?

13. Ве молиме доставете ни моментален број на вработени административни службеници и вработени согласно Законот за вработени во јавен сектор во Вашето министерство.

14. Ве молиме доставете ни број на лица ангажирани преку Агенции за времени вработувања во Вашето министерство.

15. Ве молиме доставете ни 5 последни завршени јавни огласи за вработување на административни службеници.

16. Дали јавните огласи се објавени на некоја од Вашите социјални мрежи? Доколку да, Ве молиме доставете ни линк/линкови.

 17. Дали јавните огласи се објавени на Вашата веб страна? Доколку да, Ве молиме доставете ни линк/линкови.

18. Дали јавните огласи се објавени во дневниот печат или на некој друг веб сајт, огласна табла и слично? Доколку да, Ве молиме доставете ни линк/линкови.

 19. Дали јавните огласи се објавени покрај во текстуална форма и во некаква друга форма (пример визуелен приказ)? Доколку да, Ве молиме доставете ни линк/визуелен приказ.

20. Дали одлуката за избор е јавно достапна, заедно со поените кои ги освоил секој од кандидатите?

21. Доколку јавниот оглас е поништен, дали одлуките за поништување се објавуваат и каде? Ве молиме доставете ни пример за одлука за поништување јавен оглас и линк каде истата е објавена.

22. Ве молиме доставете ни последен јавен оглас за избор на државен секретар, односно постапката за назначување/именување на државен секретар (од јавен оглас доколку таков постои до одлуката за избор/селекција на кандидатот за државен секретар); и Ве молиме наведете го бројот на кандидати кои ги исполнувале условите, од кои бил избран токму тој државен секретар.

23. Ве молиме доставете ни број на актуелни вршители на должност државен секретар во министерството, доколку постои.

24. Ве молиме доставете ни број на актуелни вршители на должност државен секретар во министерството кои се од редот на административните службеници во моментот на нивно назначување за вршители на должност.

25. Ве молиме доставете ни вкупен број на назначени државни секретари во последните 12 месеци.

26. Ве молиме доставете ни вкупен број на назначени државни секретари без постоење на посебни услови односно јавен/интерен оглас врз основа на потребни компетенции во последните 12 месеци.

Доставена информација:

Одговор на прашањето со реден број 3:

-          Во прилог

Одговор на прашањето со реден број 4:

     - Не постои.

Одговор на прашањето со реден број 7:

- Немаме Извештај за поведени и завршени дисциплински постапки и изречени мерки за 2024 година.

Одговор на прашањето со реден број 8:

   - Целата процедура  за ангажирање на лица на определено втреме се пропишани со Законот за вработени во јавен сектор во членовите 21 и 22.

Одговор на прашањето со реден број 9

    - Во прилог Ви додтавуваме последен јавен оглас за вработување на определено време.

10. Одговор на прашањето со реден број 10

    - Немаме такви вработувања.

Одговор на прашањето со реден број 11

    - Министерството за јавна администрације е новоформирано министерство со постоење од 1 година и истиот оглас ви го праќаме во прилог.

   Одговор на прашањето со реден број 12

 - Да.

Одговор на прашањето со реден број 13.

- Административни службеници се вкупно 105 а вработени на определено време 7.

Одговор на прашањето со реден број 14

     - Нема.

Одговор на прашањето со реден број 15

       - Во врилог ви ги испраќаме јавните огласи за вработување.

 

Одговор на прашањето со реден број 16

     - Не.

Одговор на прашањето со реден број 17

      - Не, се објавуваат на страната на Агенција за администрација.

Одговор на прашањето со реден број 18

     - Да.

Одговор на прашањето со реден број 19

     - Не.

Одговор на прашањето со реден број 20

    - Да, одлуката се објавуваат на страната на Агенција за администрација.

Одговор на прашањето со реден број 21

      - Немаме податоци, за тоа е одговорна Агенција за администрација.

Одговор на прашањето со реден број 22

    - Во Законот за административни службеници е објаснета процедурата за избирање на државен секретар, член 23 од истиот закон.

Одговор на прашањето со реден број 23

      - 1 извршител

Одговор на прашањето со реден број24

      - 1 извршител

Одговор на прашањето со реден број 25

      - 1 извршител

Одговор на прашањето со реден број 26

     - Не се објавува јавен оглас за државен секретар.

 

Барање за пристап до следната информација:

- Акт за систематизација на работните места во Министерство за јавна администрација  --Табеларен приказ на работните места во МЈА. Поконкретно за работно место УПР0101В04000 помлад соработник за административна поддршка на меѓународна соработка, одделение за интеграција во ЕУ меѓународна соработка, Сектор за интеграција во ЕУ И меѓународна соработка.

-   Одлука за објавување на јавен оглас број 41/2025 како и документација поврзана со распишување на овој јавен оглас.

-   Одлука или акт за запирање на постапката за јавен оглас број 41/2025, поконкретно сите информации чие барање и со кое образложение е запрена постапката, како и комуникација помеѓу Агенцијата за администрација и Министерство за јавна администрација за запирање на постапката.

-   Одлука за објавување на јавен оглас број 63/2025 како и документацијата поврзана со распишување на овој јавен оглас. Дополнително и образложение за тоа зашто за за работно место УПР0101В04000 помлад соработник за административна поддршка на меѓународна соработка, одделение за интеграција во ЕУ меѓународна соработка, Сектор за интеграција во ЕУ И меѓународна соработка е додаден дополнителен услов – Сертификат за канцелариско и архивско работење. Односно документација поврзана со додавање на овој нов услов за работно место кое што не постоело во предходниот оглас 41/2025.

 

Доставена информација:

Одговор на прашањето со реден број 1:

Актот за Систематизација на работните места во Министерство за Јавна Администрација и Табеларен приказ на работните места во Министерство за Јавна Администрација се јавно достапни на следниот линк https://mja.gov.mk/mk-MK/ministerstvo/vnatresna-organizacija.

 Одговор на прашањето со реден број 2:

Министерството за јавна администрација ја иницира постапката по јавен оглас на начин што до Агенција за администрација доставува барање за објавување на јавен оглас за вработување на неопределено време.

Одговор на прашањето со реден број 3:

 Актот за запирање на постапката за јавен оглас го носи Агенција за администрација како единствен надлежен орган.

Одговор на прашањето со реден број 4:

 Институцијата има постапено во согласност со ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ПОДГОТОВКАТА НА АКТИТЕ ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА И СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИТЕ МЕСТА, КAКO И СОДРЖИНАТА НА ФУНКЦИОНАЛНАТА АНАЛИЗА НА ИНСТИТУЦИИТЕ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР (Службен весник број 242/2024  од 27.11.2024), и тоа по Член 17 став (7)  “Ако посебните услови се определени со закон или друг пропис (степен на образование, работно искуство, степен на странски јазик или други посебни услови) и се исти за определена група, подгрупа, категорија или ниво на работни места, тогаш истите се наведуваат на едно место, а во описот на секое работно место одделно се наведуваат само оние посебни услови кои се утврдуваат со актот за систематизација (наставни полиња или некои други посебни услови специфични за конкретното работно место”.

 

Барање за пристап до следната информација:

1.Број на избрани и именувани лица и јавни службеници во вашата институција до ден 31.12.2024 година.

2.Вкупен износ на исплатени надоместоци и други примања на избрани и именувани лица во институцијата во периодот од 1.7.2024 до 31.12.2024 година од буџетски средства согласно Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и другите избрани и именувани лица.

3.Број на вработени кои оствариле право на варијабилен дел од плата во периодот од 1.7.2024 до 31.12.2024 година.

4.Вкупен износ на исплатениот варијабилен дел од плата[1] на вработените во периодот од 1.7.2024 до 31.12.2024 година.

5.Вкупен износ на исплатени средства за прекувремена работа на вработените во периодот од 1.7.2024 до 31.12.2024 година.

6. Број на вработени кои биле пријавени во Државниот инспекторат за труд за извршување прекувремена работа во периодот од 1.7.2024 до 31.12.2024 година, согласно со Законот за работни односи.

Доставена информација:

Одговор на прашањето со реден број 1:

Вкупно 61 лице на платен список – 60 јавни службеници и заменик министер

 

Одговор на прашањето со реден број 2:

Заменик министер –

07/2024 – 51.326 бруто, 33.550 нето плата

08/2024 – 168.642 бруто, 110.234 нето плата

09/2024 - 168.642 бруто, 110.234 нето плата

10/2024 - 168.642 бруто, 110.234 нето плата

11/2024 - 168.642 бруто, 110.234 нето плата

12/2024 - 168.642 бруто, 110.234 нето плата

 

Одговор на прашањето со реден број 3:

07, 08, 09/2024 – нема исплата на варијабилен дел од плата

10/2024 – 3 вработени во Секторот за ИПА фондови и 1 кабинетски службеник

11/2024 - 3 вработени во Секторот за ИПА фондови, 1 кабинетски службеник плус 33 вработени по основ на работна успешност и 2 вработени за прекувремени часови

12/2024 - 3 вработени во Секторот за ИПА фондови, 1 кабинетски службеник плус 35 вработени по основ на работна успешност и 1 вработен за прекувремени часови

Одговор на прашањето со реден број 4:

10/2024 – 41.826 денари/бруто

11/2024 – 59.000 денари/бруто пос основ на кабинетски и ИПА, плус 297.079 денари/бруто по основ на работна успешност.

12/2024 – 481.917 денари/бруто по осов на кабинетски, ИПА и работна успешност

 

Одговор на прашањето со реден број 5:

07,08,09,10/2024 – нема исплата за прекувремени часови

11/2024 – 15.379 денари/бруто по основ на прекувремени часови

12/2024 – 3.140 денари/бруто по основ на прекувремени часови

 

Одговор на прашањето со реден број 6:

Треба да одговори ДУИ

 

Одговор на прашањето со реден број 7:

Нема исплатени средства по тој основ.

Одговор на прашањето со реден број 8:

Вкупно 13 вработени од ДУИ, со фиксна месечна членарина од 150 денари/месечно. Вработените од ДУИ во МЈА се пријавени од 01.01.2025, така да податоците во МЈА се однесуваат почнувајќи од 01.01.2025

 

Барање за пристап до следната информација:

Вкупен број на вработени во јавна администрација на национално и локално ниво разделено по пол, институција/општина, работна позиција?

2.Вкупен број на вработени Роми во јавна администрација на национлано и локално ниво разделено по пол, институција/општина, работна позиција?

Доставена информација:

Податоците кои се бараат во барањето, се уште не сме во можност да ги обезбедиме од причина што за бараниот период (Јануари 2024 – Февруари 2025) збирните извештаите за тие податоци ќе се подготвуваат во периодот што следува.

Истите ќе бидат достапни дури од вториот квартал на годината, откога ќе се подготви и објави Годишниот извештај од регистерот за вработените во јавнит сектор за 2024 година.

 

Барање за пристап до следната информација:

Согласност од Министерство за информатичко општество и администрација бр. 13/2-2816/3“ од 09.07.2015 година, за Правилник за систематизација на работни места за СОУ Јане Сандански – Штип бр.01-166/1 од 05.03.2015 и

2. „Согласност од Министерството за информатичко општество и администрација бр. 12/6-4564/2“ од 28.11.2019 год., за Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работни места кај СОУ Јане Сандански- Штип бр.01-1156/1 од 08.11.2019,  со одлука бр.02-1135/4 од 01.11.2019

Доставена информација:

Министерството за јавна администрација Во прилог Ви ги доставува бараните согласности.

 

Барање за пристап до следната информација:

Информација која е поврзана со Вашето барање 08-2384/1 од 28.12.2024, дополнување со број 08-2461/1 од 05.12.2024 и број 08-2461/2 од 06.12.2024 година, а кое се однесува на добивање на предходно мислење од Бирото за јавни набавки за спроведување на постапка без објавување на оглас за набавка – одржување и модернизација на информационен систем за управување со човечки ресурси или ИСУЧР. Би сакале да ги добиеме документите кои што биле прилог на вашето барање и дополнување на барање

 

Доставена информација:

Постапката за која барате информација од јавен карактер за постапката без објавување на оглас за набавка – одржување и модернизација на информационен систем за управување со човечки ресурси или УСУЧР е спроведена согласно Законот за јавни набавки. Мислење од Бирото за јавни набавки е добиено согласно насоките и потребите за постапката, документи за добивање мислење од Бирото се секогаш различни и зависат од предметот на набавката.

Постапката е спроведена согласно Заклучоците на Влада број 41-11279/2 од 12.11.2024 година и број 41-11279/3 од 21.11.2024 година.

На ЕСЈН системот ги има документите кои се јавно достапни од постапката.

 

 

Барање за пристап до следната информација:

- Дали се организираат обуки за вработените (во последните две години) на тема како да се однесуваат со ранливи групи на граѓани (кога тие се обраќаат со барање за одредена јавна услуга)? Доколку се организирале обуки, ве молиме доставете ни информации за тоа колку лица се обучени и колку обуки посетиле

 

Доставена информација:

- Министерството за јавна администрација,  Вe известува дека нема организирано обука на тема: како да се однесуваат вработените со ранливи групи на граѓани кога тие се обраќаат со барање за одредена јавна услуга, во поседниве две години.                                          

 

Барање за пристап до следната информација:

Процент и број на вработени во сите институции на јавната администрација поединечно (наредени од најобемната до најмалата) во Република Северна Македонија поделен по етничка припадност.

Доставена информација:

Ве  информираме дека  во Министерството за јавна администрација се вработени вкупно 104 лица, од кои по етничка припадност се поделени на:

 

·         Македонци – 64;

·         Албанци – 31;

·         Бошњаци – 2;

·         Роми – 1;

·         Власи – 2;

·         Турци – 4.

 

Исто така, Ве информираме дека Министерството за јавна администрација не располага со податоци за останатите институции.

Барање за пристап до следната информација:

o   Процент и број на вработените во институцијата поделен по етничка припадност

o   Процент и број на целата јавна администрација во Република Северна Македонија поделен по етничка припадност

o   Органограм со раководни позиции на институцијата и имињата кои ги водат истите

o   Извештајод последниот конкурс за вработување и последниот извештај за унапредување на вработени

Доставена информација:

Министерството за јавна администрација Ве известува за следново:

Заклучно со месец мај 2025 година во Министерство за јавна администрација се вработени вкупно 104 лица, од кои 74 се жени, а 30 мажи. Од нив по етничка припадност се поделени на:

 

              Македонци – 64;

              Албанци – 31;

              Бошњаци – 2;

              Роми – 1;

              Власи – 2;

              Турци – 4.

 

- Во врска со Органограм со раководни позиции на институцијата и имињата кои ги водат истите - ви испраќаме линк каде што се јавно објавени на нашиот веб сајт сите вработени со работните позиции од каде што може да ги види сите раководни позиции https://mja.gov.mk/mk-MK/ministerstvo/vnatresna-organizacija/tabelaren-prikaz-na-vrabotenite-vo-ministerstvoto-za-javna-administracija.

Исто така, во прилог ви ги испраќаме последниот јавен оглас и последниот интерен оглас.



[1] Под варијабилен дел од плата се подразбира надоместок или додаток на плата за работа на празник, работа во смени, бонуси, стимулации, додатоци за прекувремена работа и сл. Материјата е уредена во Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, Закон за исплата на платите во Република Македонија, Закон за работни односи.

Мени за пристапност