Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за термин за полагање на испит за инспектор

Министерство за јавна администрација Министерство за јавна администрација

Почитувани,

Министерството за јавна администрација Ве известува дека:

Во согласност со член 36 став 9 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 135/2025 и 269/2025), Министерот за јавна администрација го пропишува начинот на полагањето, начинот на пријавување на испит за инспектор, како и формата и содржината на барањето за полагање на испитот за инспектор.

Согласно член 36 став 3 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 135/2025 и 269/2025) ,, Кандидатот за инспектор е должен да го полага испитот во рок од три месеци по истекот на една година од денот на вработување во инспекцијата, во која се стекнал со практични знаења за вршење на инспекциски надзор преку практична обука, која ја спроведува инспекцијата во која е вработен“.

Испитот се организира и спроведува од страна на Министерството за јавна администрација, во просторија која е материјално опремена со соодветна опрема за спроведување на испитот.

 

За подетални информации кликнете на линкот: Известување за термин за полагање на испит за инспектор

 

Со почит,

Министерство за јавна администрација

Мени за пристапност