Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Покана за медиуми - 15 јуни 2026 година

Министерство за јавна администрација Министерство за јавна администрација
Почитувани,
 
Министерството за Јавна Администрација, во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, поканува новинари на промоција на настан за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерствтото и проектот ,,Поддршка на ЕУ за владеење на правото" поддршан од Европската Унија и промоција на онлајн алатката за човекови права за административни службеници.
 
Министерството за Јавна Администрација и проектот ,,Поддршка на ЕУ за владеење на правото" ќе ја потврдат заемната посветеност и интерес за соработка за подготовка и промовирање на онлајн алатка за човекови права за административни службеници.
 
На промоцијата ќе се презентира состојбата со степенот на спроведување на препораките на националните и меѓународните механизмите за заштита човековите права и потребата од проширување на програмата за обука на административни службеници со воведување на материјал со кој ќе се подобрат капацитетите на институциите за спроведување на пристапот заснован на човекови права.  
 
Промоцијата ќе се одржи на 15 јунипонеделик, во 11:30 часот во Органите на државната управа (Клубот на пратеници) во Скопје.
 
Се надеваме на вашето присуство и медиумска поддршка.
 

Во прилог Ви доставуваме Покана и финална агенда за настанот на следниот линк:

Покана за медиуми -15 јуни -2026 година.doc

Финална агенда.doc

 

Со почит,

Министерство за Јавна Администрација

 

 

Мени за пристапност