Почитувани,
Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.
Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.
По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.
Настанот ќе се одржи на 24 јуни 2026 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во Министерството за јавна администрација. Изјавите за медиумите се предвидени во 11:45 часот во холот на Министерството за јавна администрација (Бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје).
Се надеваме на Вашето присуство и медиумска поддршка.
Со почит,
Министерство за јавна администрација