Почитувани,
Министерството за јавна администрација Ве поканува на одбележувањето на Денот на јавната администрација, кое оваа година се организира под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“.
Настанот има за цел да ја истакне важноста на професионалната, ефикасна и транспарентна јавна администрација како клучен столб во процесот на европска интеграција и во обезбедувањето квалитетни услуги за граѓаните и бизнисите.
Во рамки на настанот ќе се обратат претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за јавна администрација Горан Минчев и шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Штефен Худолин.
Настанот ќе се одржи на 23 јуни 2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во малата сала на Филхармонијата во Скопје.
Се надеваме на Вашето присуство и медиумска поддршка.
Со почит,
Министерство за јавна администрација