Почитувани,
По повод големиот христијански празник Велигден, дозволете ми да Ви упатам искрени честитки со желби за здравје, мир и благосостојба во секој дом.
Нека празникот на Христовото Воскресение донесе надеж, љубов и нова енергија за заеднички напредок. Во духот на солидарноста и меѓусебната почит, да продолжиме да градиме општество засновано на вредности, доверба и посветеност кон граѓаните.
Ви посакувам празничните денови да ги поминете во кругот на најблиските, исполнети со радост, топлина и убави моменти.
Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!
Со почит,
Горан Минчев
Министер за јавна администрација