Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ИНФОРМАЦИЈА за податоците од посточката верзија на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР системот)

ИНФОРМАЦИЈА за податоците од посточката верзија на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР системот)

Почитувани,

    Во насока на веќе започнатите подготовки за финалната миграција на податоците од посточката верзија на ИСУЧР системот, нејзино исклучување и истовремено пуштање во употреба на новата модернизирана верзија на ИСУЧР системот со комплетно мигрирани податоци, Ве информираме за следното:
  • ИСУЧР системот и моменталната верзија која ја користите ќе биде исклучена и недостапна за сите корисници од 15.04.2026 година (Среда) во 17.00 часот;
  • Миграцијата на податоците од старата на новата верзија на системот ќе се одвива заклучно до 19.04 2026 година (Недела);
  • Новата модернизирана верзија на ИСУЧР системот со комплетно мигрирани податоци, ќе биде активна и пуштена во продукција на 20.04.2026 година (Понеделник).
    
    Однапред Ви се заблагодаруваме на вниманието, разбирањето и взаемната соработка во насока на успешно завршување на гореспоменатите процеси и активности.
 
Со почит,
Министерство за јавна администрација

Мени за пристапност