Скопје, 22 октомври 2026 година
Во просториите на Министерството за јавна администрација денеска се одржа шестата седница на Секретаријатот за реформа на јавната администрација, со која претседаваше заменик-министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски.
На седницата беше разгледан статусот на спроведувањето на Акцискиот план јули 2025 – декември 2026 година од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023 – 2030, за периодот јануари – јуни 2026 година. Воедно, беше презентиран преглед на степенот на реализација на активностите, како и на клучните предизвици со кои се соочуваат институциите во процесот на спроведување на реформите.
Во рамки на седницата, државниот секретар Ѓорѓи Влајнкиноски го презентираше нацрт-извештајот со препораки од надворешната евалуација на Акцискиот план 2023 – 2026 година, спроведена од експерти ангажирани преку РЕСПА.
Посебен акцент беше ставен и на подготовката на новиот Акциски план 2027 – 2030 година, како следен чекор во продолжувањето на реформските процеси и утврдувањето на мерките и активностите што ќе придонесат кон поефикасна, поодговорна, потранспарентна и попрофесионална јавна администрација.
Министерството за јавна администрација останува посветено на континуирано унапредување на реформските процеси и надминување на предизвиците, со јасна заложба за градење модерна, ефикасна, професионална, транспарентна и европски ориентирана јавна администрација во служба на граѓаните.