Почитувани,
Денес оддаваме почит на вековната традиција, култура и духовно наследство на влашката заедница, која претставува нераскинлив дел од општествениот и културниот живот во Република Македонија.
Власите со својата посветеност, труд и автентичност оставиле длабока трага во развојот на нашата држава, придонесувајќи во образованието, културата, науката, економијата и јавниот живот.
Наша обврска е заеднички да продолжиме да го негуваме мултикултурниот дух, меѓусебната почит и еднаквите можности за сите граѓани. Само преку зачувување на различностите ја зацврстуваме заедничката иднина и вредностите на демократското општество.
Нека овој ден биде потсетник дека токму различностите не прават посилни, а заедништвото и меѓусебната почит се темел на стабилно и напредно општество.
Срдечно,
Горан Минчев
Министер за јавна администрација