ПОчитувани,
Со особена почит и благодарност денес се сеќаваме на делото на Светите Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост, просветителството и духовноста.
Нивната мисија не претставува само историско наследство, туку и трајна вредност што не обврзува да продолжиме да го негуваме знаењето, образованието и културниот развој како темели на современото општество.
Во време на брзи промени и современи предизвици, нивното дело останува симбол на мудрост, напредок и духовно обединување. Токму затоа, наша заедничка обврска е да продолжиме да ги чуваме и афирмираме вредностите што тие ни ги оставија, писменоста, знаењето и почитта кон културното наследство.
Нека овој голем празник биде поттик за уште поголема почит кон образованието, културата и вредностите што не поврзуваат како народ.
Со почит,
Горан Минчев
Министер за јавна администрација