Честит 23 мај, Меѓународен ден на Власите! Ti multsã anj di 23 Mai, Dzua Internatsionalã a Armãnjlor!

Честит 23 мај, Меѓународен ден на Власите!  Ti multsã anj di 23 Mai, Dzua Internatsionalã a Armãnjlor!

Во име на Министерството за јавна администрација и во мое лично име, го честитам меѓународниот ден на Власите – ден посветен на зачувувањето и афирмацијата на вашата богата историја, култура и јазик.

 

Власите имаат длабоки корени во нашето општество и претставуваат значаен дел од културниот мозаик на Република Македонија. Преку нивната традиција, вредности и активен придонес во сите општествени сфери, ја градиме нашата заедничка иднина во духот на меѓусебно почитување, соживот и еднаквост.

 

Нека овој ден биде потсетник на гордото наследство што го носат, но и поттик за идни генерации да ја продолжат традицијата со достоинство и самобитност.

 

Со почит,

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

Република Македонија

Мени за пристапност