Почитувани,
Во чест на 24 мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, ја изразувам својата најдлабока почит кон нивното незаменливо наследство. Нивната голема работа за развојот на словенската писменост и култура остави неизбришлива трага во историјата на нашите народи и цивилизации.
Денес, кога се сеќаваме на подвигот на Светите Кирил и Методиј, ја потврдуваме важноста на образованието и културата во развојот на општеството. Како Министерство за јавна администрација, инспирирани од нивната посветеност, продолжуваме да работиме на модернизација на јавната администрација за да создадеме поефикасни и достапни институции за сите граѓани.
Се надевам дека овој ден ќе не инспирира сите нас да продолжиме со вложување во образованието и културното наследство, за да изградиме посветла и посигурна иднина.
Честит Ден на сесловенските просветители!
Со почит,
Горан Минчев
Министер за јавна администрација