Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 1 Мај – Меѓународен ден на трудот!

Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 1 Мај – Меѓународен ден на трудот!
Почитувани,
 
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, дозволете ми да упатам благодарност кон сите работници за нивниот труд, одговорност и секојдневна посветеност, со кои директно придонесуваат за развојот на нашето општество.
 
Посебно сакам да ја истакнам улогата на административните службеници, кои со својата професионалност и ангажман обезбедуваат квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните.
 
Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на унапредување на условите за работа, зајакнување на професионалниот развој и обезбедување еднакви можности за сите.
 
Заедно продолжуваме да градиме модерна, транспарентна и ефикасна јавна администрација, кој е вистински сервис на граѓаните.
 
Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот!

Мени за пристапност