Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Минчев: Институционален фокус на ефикасно управување и намалување на управните спорови

Минчев: Институционален фокус на ефикасно управување и намалување на управните спорови

Скопје, 30 април 2026 

 

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на тркалезната маса на тема „b2Добро управување и владеење на правото: Спречување на непотребни управни спорови и зајакнување на извршувањето на судските пресуди“, која се одржа во организација на Министерството за јавна администрација во соработка со СИГМА/ОЕЦД.

 

Во своето обраќање, министерот Минчев нагласи дека управната постапка претставува суштински сегмент во функционирањето на правната држава и во градењето доверба меѓу граѓаните и институциите. „Управните постапки се местото каде што правата се остваруваат и каде што се гради довербата во институциите, затоа наш фокус останува нивната целосна и доследна примена“ истакна Минчев.

 

Тркалезната маса имаше за цел да ги презентира наодите од најновата анализа на СИГМА/ОЕЦД, да овозможи размена на искуства со земјите членки на Европската Унија и регионот, како и да отвори дискусија за намалување на непотребните управни спорови и подобрување на извршувањето на правосилните судски пресуди. 

 

Минчев информираше дека Министерството за јавна администрација продолжува со активности за подобра примена на Законот за општата управна постапка, преку засилен надзор, координација и практични алатки, со акцент на дигитализација и едукација.

 
 

Мени за пристапност