Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод големиот христијански празник Велигден

Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод големиот христијански празник Велигден

Почитувани,

 

Во духот на Велигденските празници, дозволете ми да Ви упатам најсрдечни честитки, со желби за здравје, радост и семејна хармонија.

 

Велигден е празник на надежта, обновата и победата на животот. Тоа е време кога се потсетуваме на важноста на солидарноста, меѓусебното почитување и човечноста – вредности кои се водилка и во нашата работа во јавната администрација.

 

Нека празничните денови Ви донесат мир, благосостојба и нова сила за соочување со сите предизвици.

 

Христос воскресе!

 

 

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

Мени за пристапност