Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Почитувани,
 
Денес, на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, ја истакнуваме важноста на јазикот како суштински дел од нашиот идентитет, култура и духовно наследство. Мајчиниот јазик е првиот глас што го слушаме, првата мисла што ја оформуваме и темелот врз кој го градиме нашето знаење.
 
Како што рекол Блаже Конески, човекот чија татковина беше македонскиот јазик, јазикот е нашата духовна куќа и најсигурно прибежиште. 
Неговата мисла не обврзува да го негуваме македонскиот јазик како трајна вредност и сведоштво на нашиот историски и културен континуитет, а истовремено да ги почитуваме  сите други јазици што се зборуваат во нашето општество. Јазичната разновидност е богатство што не зближува и не прави посилни како заедница.
 
Како Министер за јавна администрација, упатувам искрени честитки до сите граѓани, со повик да го чуваме мајчиниот јазик со одговорност и гордост, како темел на нашата култура и меѓусебна почит.
 
Честит Меѓународен ден на мајчиниот јазик!
 
Срдечно,
Горан Минчев
Министер за јавна администрација

Мени за пристапност