Известување од Министерство за јавна администрација

Министерство за јавна администрација Министерство за јавна администрација

Почитувани,

 

Ве известуваме дека стапува на сила новата Mетодологија за планирање на вработувањата во јавниот сектор, како и формата и содржината на образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување, објавена во Службен весник на Република Северна Македонија број 225 од 6 ноември 2024 година.

 

Во согласност со новата Методологија, е утврден нов образец на годишен план за вработување и нов образец на извештај за реализација на годишниот план за вработување.

 

Ги повикуваме сите институции да ги применуваат новите Обрасци и да ја следат Методологијата во својот работен процес.

Мени за пристапност