Повик за добри практики за 10-тиот Европски CAF Кориснички Настан 🌍

Министерство за јавна администрација Министерство за јавна администрација

Министерството за јавна администрација ги повикува сите јавни институции да поднесат свои добри практики за користење на CAF моделот во рамки на 10-тиот Европски CAF Кориснички Настан, кој ќе се одржи на 10 април 2025 година во Варшава.

 

Во соработка со Полското претседателство на EUPAN и EIPA CAF Resource Centre, овој настан има за цел да поттикне дискусии за тоа како CAF моделот може да помогне во промовирањето на иновации, дигитална трансформација и „озеленување“ на јавната администрација.

 

🏅 Поднесете ги вашите добри практики најдоцна до 15 ноември 2024 година и имајте можност да бидете дел од „златните 18“ добитници на признанија најдобри практики од земјите на Западен Балкан и Европската Унија! Избраните учесници ќе имаат шанса да ги презентираат своите решенија на овој значаен настан, а трошоците за сместување ќе бидат покриени.

 

👥 За повеќе информации и за пријавување, испратете ги вашите пополнети формулари на emilija.gjoshevski@mioa.gov.mk.

 

Ајде да ги покажеме иновациите во нашата јавна администрација!

/content/Short application form_10 CAF Users' Event_10 April 2025.docx

Мени за пристапност