Министерот Андоновски на средба со амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела П. Агелер

Министерство за јавна администрација Министерство за јавна администрација

,,САД се стратешки пријатели на Македонија и во пракса го прикажуваат тоа преку меѓународната поддршка, проектите и заедничките активности. Затоа е секогаш чест на ваквите средби да ги подвлечеме досегашните достигнувања и да зацртаме нови“.

 

Ова меѓу другото го рече министерот Андоновски, на работната средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела П. Агелер, која што помина во конструктивна и срдечна атмосфера.

 

Во фокусот на разговорите беше меѓусебната соработка и тековните и идни активности во Министерството за дигитална трансформација во насока на остварување на стратешките цели и приоритети во корист на граѓаните.

Мени за пристапност