Министерот Минчев присуствуваше на одбележувањето на 20-годишнината на Сојузот на Стопански комори на Република Македонија

Министерот Минчев присуствуваше на одбележувањето на 20-годишнината на Сојузот на Стопански комори на Република Македонија
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, вечерва присуствуваше на свечената церемонија по повод 20-годишнината од основањето на Сојузот на Стопански комори на Македонија. Настанот собра претставници од деловната заедница, владини институции, меѓународни партнери, дипломатскиот кор и други чинители кои две децении соработуваат за унапредување на економскиот развој и конкурентноста на македонските компании.
 
Сојузот на Стопански комори на Македонија е пример за тоа како обединетата сила на приватниот сектор може да придонесе за позитивни промени во општеството.
 
Како Министерство за јавна администрација, остануваме партнер на деловната заедница преку реформи кои го олеснуваат административното работење, дигитализацијата на услугите и унапредувањето на јавните услуги, воедно и создавање на ефикасна и транспарентна администрација која ќе биде поддршка за деловните субјекти.

Мени за пристапност