Министерот за јавна администрација Горан Минчев го одбележа Денот на албанската азбука – 22 ноември

Министерот за јавна администрација Горан Минчев го одбележа Денот на албанската азбука – 22 ноември
Денес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на свечен настан организиран од Владата на Република Македонија по повод Денот на албанската азбука – 22 ноември.
 
Овој ден има исклучително значење за промоцијата и зачувувањето на албанскиот јазик и азбука, кои претставуваат основа на културното наследство и идентитет на албанската заедница.
 
Министерството за јавна администрација останува цврсто посветено на иницијативи кои обезбедуваат еднакви можности и инклузивен пристап во јавниот сектор. Нашата цел е создавање општество во кое секој граѓанин, без разлика на етничката припадност, ќе се чувствува вреднуван и достоинствен.
 
Упатуваме искрени честитки по повод Денот на албанската азбука, со порака за продолжување на меѓусебното почитување и унапредување на културната разноликост како најголемо богатство на нашата држава. 

Мени за пристапност