Скопје, 22 ноември 2026 година
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на Свечената седница во Владата по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука.
Денот на албанската азбука е значаен ден за албанската заедница, кој ја одбележува важноста на албанскиот јазик, како важен дел од културното наследство и идентитет.
Министерството за јавна администрација останува посветено на градењето професионална, инклузивна и отчетна јавна администрација, заснована на принципите на еднаквост, недискриминација и почитување на различностите. Нашата заложба е јавна администрација која обезбедува еднакви можности за сите, ги почитува различностите и им служи на граѓаните без разлика на нивната етничка или културна припадност.