Министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари средба со Баграт Тунјан, раководител на СИГМА

Министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари средба со Баграт Тунјан, раководител на СИГМА

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска имаше средба со Баграт Тунјан, раководител на СИГМА (заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија),  за Република Северна Македонија, каде во конструктивна атмосфера се разговараше за тековните активности на новоформираното министерство за јавна администрација и за тековното спроведување на оценската мисија на СИГМА во нашата земја и за заедничката и успешна соработка.

 

Имено, раководителот на СИГМА, г-дин Тунјан, истакна дека во тек е спроведување на оценската мисија од страна на СИГМА, која спроведува редовни оценски мисии за прогресот на спроведување на реформите во јавната администрација во земјите – кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Европската Унија.

 

Истовремено, го информираа министерот за процесот на оценските мисии кои се спроведуваат во согласност со дефинирана методолошка рамка која е еднаква за сите земји. Врз основа на наодите од овие оценски мисии, Европската Комисија го оценува напредокот и подготвеноста на јавната администрација да ги спроведува политиките на ЕУ.

 

Министерот Минчев посочи дека Министерството како координатор на процесот на реформата на јавната администрација во Република Северна Македонија ќе продолжи да дава целосна поддршка на спроведувањето на мисија на СИГМА во нашата земја,  информираше за тековните активности на новото министерство и донесување на потребната законска регулатива утврдена во  Стратегија за Реформа на јавната администрација (2023 -2030) согласно акцискиот план (2023-2026).

Мени за пристапност