Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со вработените од Министерството за јавна администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со вработените од Министерството за јавна администрација

Министерот Горан Минчев оствари работна средба со сите вработени од Министерството за јавна администрација, со цел информирање за актуелната состојба на министерството како и за понатамошните планови и цели за раст и развој.

 

Воедно, ги сослуша предлозите и сугестиите изнесени од страна на вработените, претежно во насока за подобрување на целокупното функционирање на министерството.

 

Министерот Минчев со своите најдобри заложби истакна максимално разбирање и поддршка по однос на барањата на вработените, пред се во домен на капацитетот, условите и кадровската поставеност. 

 

Целиот процес кој што претстои во иднина е комплексен и тежок, но заеднички како тим, ќе овозможиме значително позитивно влијание и напредок, а со цел поставување на цврсти темели за функционално и сериозно министерство - истакна Минчев.

Мени за пристапност