Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, денеска присуствуваше на свечената академија “Заедно се бориме, заедно ќе успееме” по повод 33-годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија, организирана од Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицковски во Македонската филхармонија.
На овој значаен ден, кога ја одбележуваме независноста на Република Македонија, ја славиме храброста, упорноста и единството што ја обликуваа нашата нација на патот кон слободата. Ова е момент за размислување за жртвите што беа направени и постигнатите резултати како суверена држава. Заедно, изградивме Република Македонија, основана на принципите на демократијата, правдата и владеењето на правото.
Во чест на Денот на независноста, ја обновуваме нашата посветеност на основните вредности на нашата нација и заедно работиме на создавање на подобра иднина за сите.
Честит Ден на независноста на Република Македонија!