Министерот за јавна администрација присуствуваше на свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Министерот за јавна администрација присуствуваше на свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес присуствуваше на свечената академија организирана по повод одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, на покана на Претседателката на Република Македонија, Н.Е. Гордана Силјановска-Давкова.

 

Свечената академија се одржа во чест на еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ – кодификацијата на македонскиот јазик како стандарден и официјален јазик на државата. На настанот беа истакнати придобивките од овој историски чин за националниот, културниот и институционалниот развој на Република Македонија.

 

Министерот Минчев го истакна значењето на јазикот како темел на јавната администрација, културата и идентитетот на државата, и изрази поддршка за понатамошна промоција и заштита на македонскиот јазик во сите општествени и институционални процеси.

 

Настанот обедини бројни претставници на државниот врв, академската заедница, дипломатскиот кор, институциите, како и љубители и промотори на македонскиот јазик, кои заеднички оддадоа почит на јазичкото и културното наследство на нашата земја.

Мени за пристапност