Партнерство за квалитет: Министерството на студиска посета во Виена

Партнерство за квалитет: Министерството на студиска посета во Виена
Претставници од Министерството за јавна администрација на Република Македонија учествуваа на TAIEX студиска посета на тема „Зајакнување и унапредување на системите за управување со квалитет во јавниот сектор“, во Виена, Австрија. 
 
Посетата беше организирана од Директоратот за државна служба и иновации при Федералната канцеларија на Австрија и беше насочена кон размена на искуства за подобрување на јавната администрација.
 
Учесниците се запознаа со пристапот на Австрија во примената на Заедничката рамка за проценка (CAF) и целосниот систем за управување со квалитет, со посебен акцент на надворешните повратни механизми и улогата на Австрискиот CAF-Центар. Презентациите и дискусиите опфатија добри практики за следење на квалитетот и внатрешна евалуација во институциите.
 
Министерството за јавна администрација продолжува со напори за унапредување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на јавните услуги преку усогласување со европските стандарди и поддршка на реформските процеси.

Мени за пристапност