Штип, 28 април 2026
Денеска се одржа јавен настан во рамки на започнатиот процес на ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7). Настанот беше организиран од Министерството за јавна администрација во соработка со Фондација Метаморфозис и Центар за граѓански комуникации, со цел да се обезбеди активно вклучување на сите засегнати страни во утврдувањето на приоритетите на новиот акциски план.
Настанот се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар во Штип и собра претставници на општините Штип и Кочани, локални граѓански организации, медиуми и други релевантни чинители.
Присутните имаа можност да се запознаат со значењето и придобивките од процесот на Партнерството за отворена власт, како и со пристапот, чекорите и временската рамка за подготовка на новиот седми Национален акциски план.
Во рамки на настанот беше овозможено и активно учество при што учесниците заеднички ги дефинираа приоритетите и потенцијалните заложби за периодот 2026–2028.
Настанот претставува важен чекор кон поинклузивен и транспарентен процес на креирање јавни политики, во кој гласот на сите засегнати страни ќе биде земен предвид при дизајнирањето на идните реформи во рамки на Партнерството за отворена власт.
Средбата е во рамки на проектот „Заедно за Партнерство за отворена власт: Поддршка на процесот на имплементација и дизајнирање на иднината“ финансиран од Секретаријатот за Партнерство за отворена власт.