Одржан состанок на Управниот одбор на ReSPA во Варшава: Потпишан Меморандум за соработка со Националното училиште за јавна администрација на Полска

Одржан состанок на Управниот одбор на ReSPA во Варшава: Потпишан Меморандум за соработка со Националното училиште за јавна администрација на Полска

Во Варшава денес се одржа состанокот на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација – ReSPA, каде Маја Рисова Мутлулар, Шеф на Кабинет на министерот за јавна администрација, учествуваше на истиот како член на Управниот одбор и истакна дека беа донесени значајни одлуки кои ќе ја зацврстат улогата на ReSPA како клучен партнер за унапредување на јавната администрација во регионот.

 

Во рамки на состанокот беше потпишан и Меморандум за соработка со Националното училиште за јавна администрација на Република Полска, со што дополнително се проширува мрежата за професионална размена и регионална соработка.

 

Преку ваквите форми на соработка, се обезбедуваат нови можности за размена на искуства, градење институционални капацитети и воведување добри практики кои ќе придонесат за подобрување на јавните услуги за граѓаните.

 

Министерството за јавна администрација на Република Македонија останува силно посветено на спроведување на реформите во јавната администрација и активно учествува во иницијативите на ReSPA.

 

Заедно градиме модерна, ефикасна и транспарентна јавна администрација!

Мени за пристапност