Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржана седма седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година Скопје, 26.02 2026 година

Министерство за јавна администрација Министерство за јавна администрација
Скопје, 26 февруари 2026 година
 
Се одржа седмата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт2024–2026, на која беа разгледани и дискутирани клучни прашања од интерес за Советот и Партнерството. На седницата активно учествуваа 12 членови и 4 заменик-членови на Советот.
 
Министерството за јавна администрација обезбеди стручно-административна поддршка за подготовка, организација и спроведување на видео-седницата преку порталот www.ovp.gov.mk.
 
Во пресрет на отпочнување на процесот на ко-креирање на седмиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 година, Советот ги усвои следните документи:
 
- Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Партнерство за отворена власт“ со временска рамка;
- Јавен повик за пријавување на учество во процесот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 година со Пријава;
- Критериуми за оценување на релевантноста и поврзаноста на заложбите од процесот на ко-креирање на акцискиот план со начелата на Партнерството за отворена власт;
- Едукативен материјал за Партнерство за отворена власт
 
Со ваквиот пристап се обезбедува систематизиран начин на планирање и спроведување на процесот на консултации, со цел навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-креирање на новиот Национален акциски план 2026–2028 година.

Мени за пристапност