Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржана средба на работните групи за подготовка на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

Одржана средба на работните групи за подготовка на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

Скопје, 08 мај 2026

 

Денеска во Клубот на органите на управата се одржа состанок на работните групи за подготовка на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7), како продолжение на процесот на ко-креација започнат со конференцијата организирана на почетокот на април оваа година. Настанот беше организиран од Министерството за јавна администрација, во соработка со Фондацијата Метаморфозис и Центарот за граѓански комуникации.

 

Работниот состанок го отвори Националната координаторка на ПОВ во државата, г-ѓа Гордана Гапиќ-Димитровска која ги истакна придобивките од процесот на ко-креација на Националниот акциски план пред претставниците на институциите, граѓанските организации и експертската јавност. Целта на денешниот настан беше заедничко дефинирање на приоритетите и идните заложби во рамки на новиот акциски план.

 

Учесниците работеа во пет тематски области:

антикорупција, интегритет, одговорност и отчетност;

граѓански простор, учество и слободи;

дигитално управување;

клима и животна средина;

отворен парламент и отворено судство. 

 

Тематските области ги координираат претставници од граѓанското општество, што е додадена вредност на ко-креацискиот процес. Работниот состанок претставува важен чекор во инклузивниот ко-креациски процес на подготовка на новиот Национален акциски план, кој треба да придонесе кон поотворени, поотчетни и подостапни институции, во партнерство со граѓанското општество и другите засегнати страни.

 

Процесот на ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 продолжува во наредниот период преку дополнителни консултации и тематски дискусии со сите релевантни чинители.

Мени за пристапност