Одржана втора седница на Секретаријатот за реформа на јавна администрација

Одржана втора седница на Секретаријатот за реформа на јавна администрација

Денес во просториите на Министерството за јавна администрација се одржа втората седница на Секретаријатот за реформа на јавната администрација, со која претседаваше заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски.

 

На седницата беа разгледани и усвоени точки на дневниот ред поврзани со нацрт-годишниот извештај за имплементација на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) за 2023 година.

 

Дополнително беше нагласено значењето на континуираното следење и евалуација на реформските активности за постигнување на целите дефинирани во Стратегијата за реформа на јавната администрација.

 

Присутните членови дискутираа за досегашните успеси и предизвици во спроведувањето на Акцискиот план, при што беа дадени конкретни препораки за подобрување на ефикасноста на јавната администрација.

 

Министерството за јавна администрација останува посветено на транспарентна и инклузивна имплементација на реформските процеси, кои се од клучно значење за подобрување на јавните услуги и зајакнување на довербата на граѓаните кон институциите.

Мени за пристапност