Министерството за информатичко општество и администрација (во натамошниот текст МИОА) во моментов е во фаза на подготовка на Третиот годишен извештај за спроведување на Акцискиот план (2018 -2020) од Стратегијата за реформа на јавната администрација (во натамошниот текст Стратегијата) за периодот јануари – декември 2020 година.
Согласно Стратегијата, МИОАе надлежно за подготвување на полугодишни и годишни извештаи за степенот на спроведување на мерките и активностите и постигнување на планираните резултати утврдени со Акцискиот план одистата. Извештаите се подготвуваат врз основа на информациите и податоците од следењето на спроведувањето на мерките и активностите доставени од страна на надлежните водечки органи/институции утврдени во Акцискиот план.
Третиот извештај ќе ги опфати сите четири квартали од 2020 година (периодот јануари - декември 2020 година) и ќе известува за активностите со рок за спроведување до крајот на четвртиот квартал и за активности кои отпочнале во некој од четирите квартали од 2020 година, но се со рок на извршување во 2021 или 2022 година. Ова значи дека извештајот ќе даде одговор на прашањата дали активностите течат согласно предвидената динамика и дали може да се очекува дека ќе се спроведат во рок.
За обезбедување на квалитетен извештај преку инклузивен и транспарентен процес на подготовка, уште во фазата на подготовка на Стратегијатазаедно со граѓанските организации беше одлучено тие активно да бидат вклучени во сите фази од спроведување наистата.
Со таа цел, МИОА упатува повик до граѓанските организации кои спроведуваат активности поврзани со следење на активностите предвидени со Акцискиот план на Стратегијата за за реформа на јавната администрација за доставување придонес кон Третиот годишен извештај, во однос на согледувањата, информациите и податоци за степенот на спроведувањето на активностите од Акцискиот план.
Придонесот во електронска форма треба да се достави до Министерството за информатичко општеството и администрација најдоцна до 31 март 2021 година на следната меил адреса: srja@mioa.gov.mk.
Одделение за координација на Стратегијата за РЈА