Денеска во просториите на поранешното Mинистерство за информатичко општество и администрација, беше извршено примопредавање на должноста министер за дигитална трансформација и министер за јавна администрација.
Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација и Горан Минчев, министер за јавна администрација, беа пречекани од досегашниот министер на Mинистерството за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, заменик министерот Александар Бајдевски и државниот секретар Елвин Хасан.
Министерот Бајрами ги пречека новите министри во една свечена атмосфера и им посака многу среќа и успех во новите предизвици.
Како што се знае, со новиот Закон за изменување и дополнување на законот за организација и работа на органите на државната управа, кој што беше изгласан на 8 јуни 2024 година во Собранието на Република Северна Македонија, престана да функционира Министерството за информатичко општество и администрација и од која се формирани две нови министерства, и тоа: Mинистерство за дигитална трансформација и Mинистерство за јавна администрација.
Инаку, Наим Бајрами беше избран за министер на Министерство за информатичко општество и администрација од 12 февруари 2024 година.