Сајбер хигиена во фокусот на јавниот сектор

Сајбер хигиена во фокусот на јавниот сектор

Претставник од Министерството за јавна администрација учествуваше на Третиот циклус на обуката за тренери за сајбер хигиена, организиран од Западнобалканскиот центар за сајбер капацитети (WB3C).

 

Обуката има за цел да ја унапреди безбедноста на дигиталните технологии во јавниот сектор и да создаде мрежа на обучувачи кои ќе ги пренесат знаењата и добрите практики во областа на сајбер сигурноста. Ваквите иницијативи за зајакнување на капацитетите и подигнување на свеста за сајбер безбедноста во јавните институции се од големо значење.

 

Министерството за јавна администрација ќе продолжи со активностите за зајакнување на безбедноста на податоците во јавниот сектор, со цел заштита на информациите и подобрување на сигурноста во работата на јавните институции.

Мени за пристапност