Почитувани,
Како што веќе информиравме во дописот со арх. бр. 10-161/13 од 13.02.2026 год, а со цел зголемување на динамиката и достапноста на обуките за користење на модернизираната верзија на системот, воведуваме континуирани онлајн обуки.
Истите ќе се одржуваат на Microsoft Teams, секој вторник и четврток од 10.00 часот, почнувајќи од 24.02.2026 година.
Линкот до формата за регистрација, а последователно и до пристапот на обуката е следниот:
Со цел навремено и ефикасно организирање и започнување на обуките, Министерството ги известува сите заинтересирани лица дека пријавувањето ќе биде овозможено еден (1) час пред почетокот на секоја обука, односно во периодот од 09:00 до 10:00 часот, на денот на одржување на секоја обука.
Однапред Ви благодариме, за одвоеното време, проактивноста и учеството на обуката.
Со почит,
Министерство за јавна администрација