Покана до медиуми 18 септември 2025 година

Покана до медиуми 18 септември 2025 година

Почитувани претставници на медиумите,

Министерството за јавна администрација има особена чест да Ве покани да присуствувате на настанот Генерички обуки за административни службеници - „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, кој ќе се одржи на 18 септември 2025 година (четврток), во хотел DoubleTree by Hilton, Скопје, со почеток во 10:00 часот.

Воведни обраќања на настанот ќе имаат  проф. д-р Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на РСМ и Горан Минчев, Министер за јавна администрација.

Настанот ќе биде од исклучителна важност за идниот развој на јавната администрација, нејзината ефикасност и подготвеност за современите предизвици. Свое знаење и искуство ќе споделат бројни домашни и меѓународни експерти.

Во прилог Ви ја доставуваме и агендата за настанот.

Ви благодариме.

 

Со почит,

Министерство за јавна администрација

Мени за пристапност